Top Sport

Симеоне се спаси од суспензија, УЕФА ќе го удри по паричникот (видео)

Аргентинскиот стратег на клупата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе плати казна од 20.000 евра за неспортскиот потег на првиот меч од осминафиналето против Јувентус во ЛШ со фаќањето за меѓуножјето.

УЕФА по мечот отвори дисциплинска постапка против Симеоне, кој објасни дека се работело за гест кон навивачите на Атлетико, а не за провокација.

„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме мад*ња. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто. Толку се боревме. Можам само да се извинам ако навредив некого“ – рече Симеоне по натпреварот.

Иако се шпекулираше дека за ваквиот потег тренерот ќе заработи суспензија, сепак помина само со парична казна.
Ако Атлетико Мадрид на 12. овој месец во реваншот против Јувентус ја задржи предноста од 2-0 од првиот меч, тогаш казната на Чоло нема да му претставува голем проблем.

Scroll to Top