Top Sport

Џерард: Добро ќе беше Јунајтед да е надвор од ЛШ, ама тоа ќе беше неправда

„Црвените ѓаволи“ од Манчестер Јунајтед синоќа со помош на ВАР технологијата успеаја да се пласираат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, го елиминираа ПСЖ.

Шутираше Далот, топката несакајќи в рака го удира Кимпембе, по што судијата Скомина, со помош на ВАР системот покажува пенал во 92 минута од мечот при резултат 1-2 за Јунајтед.

Маркус Рашфорд е прецизен и го носи својот тим во четвртфинале, а Французите останаа да се расправаат со судиите и да жалат за пропуштеното.

Многумина екс-фудбалери дадоа свој суд за целата ситуација, дали наистина требаше судијата да покаже на белата точка. Своето мислење го изнесе и иконата на Ливерпул, Стивен Џерард.

„Мислам дека со ВАР многу работи се поправилни и поточни, нешто што е навистина добро за играта. Не е добро кога сте на спротивната страна како што беше случајот со ПСЖ. Кога јас првично ја видов ситуацијата, мислев дека е престрого, но ако ги погледнете правилата, тоа е правилната одлука. Затоа ВАР е толку важен за фудбалот. Без него, Јунајтед ќе беше надвор од ЛШ. За мене како фан на Ливерпул ќе беше добро, но сепак ќе беше неправда“ – рече Стиви Џи.

Scroll to Top