Младиот Моисе Кин постигна два гола за да помогне Јувентус без Кристијано Роналдо (кој доби одмор пред дуелот од ЛШ со Атлетико Мадрид) да стигне до убедлива 4:1 победа над Удинезе и да продолжи со доминацијата во Серија А.
Со 16 поени предност на врвот на табелата пред овој меч, Макс Алегри реши да ги одмори своите главни ѕвезди, така што 19-годишниот младински италијански репрезентативец Кин доби шанса за прв старт на сезоната и го искористи тоа со два спектакуларни голови во првото полувреме.
По ова, „бјанконерите“ во второто полувреме рутински ја завршија работата, откако во 67. минута, Емре Џан постигна гол од пенал, а во 71. минута, Блез Матуиди зголеми на 4:0. Кевин Лазања во 85. минута постигна утешен гол за Удинезе.