Дуелот меѓу водечките тимови во колумбиската Серија А меѓу Милионариос и Атлетико Национала го одбележа голманот на домаќините, Вулкер Фарињез.
Младиот чувар на мрежата во последните 5 минути од мечот успеа со 3 одбрани во низа, во ист напад да го сочува својот гол.
21-годишниот репрезентативец на Венецуела е најзаслужен што Милионариос стигна до бод од мечот, резултатот беше 1-1.
Погледнете ја тројната интервенција на „голманот-мачка“: