Херојот на лондонски Челси е Белгиецот Еден Азар кој во 92 минута од мечот против Вулверхемптон успеа да постигне гол и да му донесе еден бод на својот тим.
Челси влезе во мечот посигурно, имаше шанси, но напаѓачите не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на гостите.
„Волците“ беа насочени кон дефанзивата, па тактиката им се исплатеше во вториот дел. Раул Хименез донесе предност од 0-1 преку контра.
Челси со сите сили се впушти кон противничкиот гол, а погодокот со кој „сините“ изборија реми е дело на Азар во последните секунди од мечот, со удар од далечина.
Тимот на Маурицио Сари сега е на шестата позиција со 57 бода, а Вулверхемтон е седми со 44 бода.