Top Sport

Интер се справи со СПАЛ, гостински победи за Торино и Аталанта (видео)

Интер им се врати на победите. Попладнево совладан на „Меаца“ е тимот на СПАЛ во Серија А со 2-0. Стрелци на головите за „нероазурите“ беа Матео Политано во 67. и Роберто Гаљардини во 77. Минута. Лаутаро Мартинез постигна прекрасен гол во првиот дел, но ВАР системот го поништи поради играње со рака.

Торино и Аталанта победија на гости кај Фросиноне односно Сампдорија.

Во Џенова Аталанта поведе со погодокот на Запата во 50. минута, а изедначи Кваљарела во 67. минута. Десет минути подоцна Гусенс постигна гол со кој беа поставени конечните 1-2.

Фросиноне водеше по првите 45 минути против Торино. Сепк со гловите на Белоти во вториот дел Торино прави пресврт и ги носи трите бода.

Scroll to Top