Организаторите на регионалната СЕХА лига објавија дека овогодишниот осми Фајнал фор турнир ќе се оддржи во Брест, Белорусија на 2 и 3 април, во соработка со локалниот клуб и учесник на финалето, Мешков Брест.
„Големо задоволство е повторно да го организираме Фајнал 4 со ракометниот клуб Мешков и сигурен сум дека ќе имаме незаборавно натпреварување. Мешков се редовни учесници на фајнал фор турнирот во СЕХА, а оваа година финалето ќе се поклопи со илјадагодишнината на градот Брест“, вели Синиша Остоиќ, генералниот менаџер на СЕХА Газпром лигата.
Покрај Мешков, на завршниот турнир ќе настапат и хрватските клубови Нексе и ППД Загреб, како и македонскиот шампион Вардар.