Top Sport

Роналдо: Веруваме во победа

Јувентус, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во осмина-финалниот реванш, во Лигата на шампионите. И покрај негативата од 0:2, што ја имаат по првиот меч, најдобриот стрелец на Јувентус, Кристијано Роналдо, верува дека тие на крајот ќе се радуваат.

„Мислам дека сме добри, полни со самодоверба, веруваме во победа. Сакаме да имаме специјална вечер. Сакам да им порачам на навивачите да размислуваат позитивно, да веруваат. Потребна ни е нивната помош за да успееме. Ние ќе го одработиме нашето на теренот, ќе се обидеме да постигнеме голови и да победиме, но потребна ни е нивната помош. Бидете подготвени за голем кам-бек“, порачал Роналдо.

Натпреварот, во вторник, ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top