Полскиот шампион Виве Киелце донесе уште еден од ракометарите на Вардар, откако Игор Карачиќ потпиша тригодишен договор со полскиот клуб, каде што ќе му се приклучи на Лука Циндриќ, кој лани замина во Полска, но на уште еден поранешен вардарец, Алекс Душебаев.
Карачиќ помина седум години во Вардар, со кои двапати ја освои СЕХА лигата и еднаш Лигата на шампионите. Хрватот добива тригодишен договор со полскиот клуб.
„Среќни сме што успевме да го донесеме Карачиќ во Киелце, бидејќи се работи за ракометар со огромно иксуство на највисоко ниво“, вели претседателот на Киелце, Бертус Сервас.
30-годишниот Карачиќ потпиша за Вардар во 2012 година, доаѓајќи од Босна од Сараево. Тој е последниот од низата на ѕвездите кој заминува од „црвено-црните“, откако Даинис Криштопанс заминува во Пари Сен-Жермен, а неизвесна е иднината и на Црногорецот Вуко Борозан.
Igor #Karcić od lipca w naszym zespole ??♂️
Chorwacki rozgrywający związał się z klubem 3-letnim kontraktem.Więcej na https://t.co/TpVWXjHvIj ??#gramyrazem #handball #Kielce pic.twitter.com/SsxLDlCliz
— PGE VIVE Kielce (@kielcehandball) March 11, 2019