Top Sport

По 25 години, поради сопругата, Луис ван Гал објави пензионирање

Луис ван Гал, поранешниот тренер на Ајакс, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед, објави дека се пензионира по 25 години како тренер, иако немаше работа од отпуштањето од Јунајтед во 2016 година.

Ван Гал ја освои титулата од Лигата на шампионите со Ајакс, покрај уште повеќе трофеи во сите клубови каде што работеше, а 67-годишниот Холанѓанец исто така беше и селектор на сопствената репрезентација. Во последната работа со Манчестер јунајтед, тој ги предводеше до четвртото место и титулата од ФА купот во 2016 година.

„Сега сум пензионер. Немам амбиции да бидам технички директор или ТВ-коментатор. Мојата сопруга Трус ја предаде својата работа 22 години за мене и ме следеше каде и да одев. Јас и кажав дека ќе си заминам кога ќе наполнам 55 години, но наместо тоа работев до 65. Таа смее да си дозволи и живот надвор од фудбалот и мислам дека е среќна. Би можел да бидам технички директор, но на таа позиција не одиш на тренинзи и не треба да кажеш нешто што нема да им се допадне на тренерите и на медиумите“, вели Ван Гал.

Scroll to Top