Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, покрај репрезентативниот, во иднина ќе има и клупски ангажман. Ѓорѓевиќ, договорил соработка со Виртус од Болоња.
Италијанскиот клуб на својот профил на „Фејсбук“ објави дека досегашниот тренер Пино Сакрипанти добил отказ и дека него на клупата ќе го наследи Ѓорѓевиќ.
За да ја преземе работата во Болоња, Ѓорѓевиќ морал да добие дозвола од Кошаркарскиот сојуз на Србија и неговиот претходен клуб Баерн Минхен.
Ова нема да биде прв пат овој тренер паралелно да обавува две функции. Во минатото Ѓороѓевиќ покрај Србија во клупската кошарка ги предводеше најпрвин Панатинаикос, а потоа и Баерн Минхен.
Како играч на Олимпија Милано, Пезаро и Фортитудо од Болоња, Ѓорѓевиќ има богато искуство од италијанското Палаканестро.