Top Sport

Мициќ ќе биде трансфер цел на Реал

Раководните луѓе на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, размислувале да го ангажираат српскиот репрезентативец Василије Мициќ.

Мициќ е играч на Анадолу Ефес, со овој тим тој минатото лето потпишал едно годишен договор, со можност тој да биде продолжен на уште една година..

Весникот „АС“, пишува дека Мициќ по завршувањето на сезоната би можел да го напушти Истанбул и да се пресели во Мадрид.

Мициќ е еден од најдобрите играчи на Ефес оваа сезона и еден од најдобрите на својата позиција во Евролигата. Во ова натпреварување има просек од 12 поени и пет асистенции по натпревар.

Доколку трансферот на Мициќ биде реализиран Реал ќе формира исклучително силна бековска линија, во која веќе ги има Серхио Љуљ и Факундо Кампацо.

Scroll to Top