Комичарот Џејмс Корден му направи луда шега на Дејвид Бекам со статуата на прославениот англиски фудбалер.
Иако статуата на Бекам се уште не е официјално промовирана, Бекам требало да даде „амин“ за неа на пред – промоцијата на стадионот на Лос Анџелес Галакси во САД.
Лажен скулптор направил статуа која речиси воопшто не наликува на фудбалерот кој е модна светска икона. Сите вработени во клубот знаеле за местенката, а реакцијата на Бекам кога му била претставена статуата била неверојатна.
Тој нервозен тргнал да си оди од промоцијата.
Погледнете како изгледаше местенката: