Top Sport

Венгер: Ќе видиме дали ќе останам до 2019

Арсен Венгер признава дека можеби нема да го комплетира новиот двегодишен договор со Арсенал пред градското дерби со Тотенхем, каде што првпат по подолго време, „топчиите“ не се апсолутни фаворити.

Французинот, кој е 21 година во Арсенал, беше под притисок минатата година откако Арсенал беа декласирани од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, по што тимот заврши на петтото место и првпат од сезоната 1998/99 не се пласираше во ЛШ. Во Лондон подолго време има цела кампања „Венгер аут“ за смена на Французинот, кој по освојувањето на ФА куп титулата потпиша нов двегодишен договор.

„Веќе реков дека ќе седнеме со бордот на крајот на сезоната и ќе видиме каде одиме од таму. Така што тоа останува исто. Имам двегодишен договор и секогаш сум сакал да ги почитувам моите договори, но имам и искреност да кажам дека можеби нема да го завршам договорот поради други причини“, вели Венгер.

Позицијата на Венгер под „лупа“ на крајот на сезоната

Scroll to Top