Поранешниот извршен директор на Рома Умберто Гандини и новинарот Џовани Капуано се прашуваат на кој начин УЕФА ќе го објасни пеналот што на Јувентус му беше досуден, во вторникот, против Атлетико Мадрид.
Според нив, идентична ситуација имало и на дуелот помеѓу Порто и Рома, минатата недела, но на тој меч не бил суден пенал за Рома.
Gamba sinistra di Marega che incrocia la corsa di Schick, questo è calcio di rigore. #PortoRoma #ChampionsLeague pic.twitter.com/wpWwmnprKZ
— Antonio Dinunzio (@SpugnAntonio) March 6, 2019
„Мораме да бидеме јасни: Пеналот што не е досуден за Рома според мене е чист, а исто така чист е и пеналот за Јувентус. Ќе биде интересно како овој случај ќе го објасни УЕФА“, напишал Капуано.
Гандини потоа целосно го поддржал ова мислење.
За потсетување, Јуве доби пенал по дуелот на Бернардески со Кореа, а ист таков дуел и контакт помеѓу Марега (Порто) и Шик (Рома), не беше окарактеризиран како пенал.
¿Sabéis aquello de la “INTENSIDAD”?
Correa acaba de perseguir a Bernardeschi 40m por empuje, coraje,…intensidad.
Está claro que eso no es suficiente cuando toca “tomar decisiones” en zonas de riesgo pic.twitter.com/MNeAxJATbX— Miguel Alonso ? (@AlonsoCMPro) March 12, 2019
Рома во драматичен меч, по продолженијата испадна од Порто. Третиот гол, во победата 3.1, Порто го постигнаа од пенал, откако судијата Чакир ја прегледа снимката.