Top Sport

Сити ќе ја доживеат судбината на Челси?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе му изрече казна на Манчестер сити, поради нелегалните трансфери на малолетни фудбалери. Англиските медиуми пишуваат дека Сити нема да може да носи играчи во наредните два трансфер периоди. Пред неколку недели ваква забрана ФИФА му изрече на Челси.

Подолго време ФИФА и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) воделе истрага против овој клуб. Покрај нелегалните трансфери на малолетни фудбалери, Сити ги кршеле и правилата пропишани со финансискиот фер-плеј, поради што медиумите не ја исклучуваат можноста „граѓаните“ да добијат забрана за настап во Лигата на шампионите.

Истрагата на ФИФА открила многу неправилности. Сити на сомнителен начин потпишувале договори со млади фудбалери од целиот свет.

Официјално ФИФА во наредните денови ќе се произнесе околу казната на Манчестер сити.

Scroll to Top