Фудбалерите на Борусија Дортмунд барем 24 часа ќе бидатт повторни лидери во Бундес лигата, откако во драматичен меч ја победија Херта во Берлин со 3.2. Голот за победа го постигна капитенот Марко Ројс во 92 минута.
Мечот добро тргна за Херта, откако ветеранот Саломон Калу постигна го во четвртата минута. „Милионерите“ израмнија десет минути подоцна преку Дилејни. До крајот на полувремето Калу постигна уште еден гол. Поранешниот играч на Челси постигна гол од пенал.
Ново израмнување за Дортмунд донесе Загаду во 47 минута.
Драмата на Олимпискиот стадион во Берлин започна во 85 минута кога Херта остана со играч помалку. Џордан Торунарига поради вториот жолт картон мораше да ја напушти играта.
Предноста од играч повеќе Борусија ја искористи во 92 минута кога Ројс го постави конечниот резултат.
До крајот на мечот уште еден играч на Херта доби црвен картон. Поради неспортско однесување исклучен беше поранешниот репрезентативец на БиХ, Ведад Ибишевиќ.
Борусија на врвот со натпревар повеќе има 60 бода, Баррн е втор со три бода помалку. Баварците утре ќе го пречекаат Мајнц.