Плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен е во најдобрата форма во кариерата и тимот мора да го искористи тоа пред дербито со Арсенал во сабота, вели неговиот соиграч Ерик Даер.
Ериксен беше клучен дел од „ренесансата“ на Тотенхем последните неколку години и оваа сезона има 4 гола и 4 асистенции во 15 настапи, а блесна и за својата репрезентација, постигнувајќи хет-трик против Ирска за 5:1 победа и пласман на СП во Русија.
„За Тотенхем е фантастично што Ериксон продолжува да блеска. Го гледаме најдобриот Кристијан Ериксен во моментов и се надевам дека ќе продолжи така. Менталитетот пред дербито е да се оди на победа. Толку е едноставно“, вели Даер.
Триото Хери Кејн, Деле Али и Хери Винкс се повлекоа од пријателските натпревари на Англија да се опорават од повредите и дефанзивецот Бен Дејвис се надева дека со нив Тотенхем ќе биде моќен на „Емирати“.
„Момците имаа неколку проблеми, а пријателските понекогаш знаат многу да пречат. Се надевам дека ќе бидат свежи во сабота“, вели Дејвис.