Австриецот Доминик Тим ќе игра против Роџер Федерер во утрешното финале на мастерсот во Индијан Велс. Тим во полуфиналето, по голема борба која траеше два часа и 31 минута, го победи Милош Раониќ од канада со 7:6, 6:7, 6:4.
Тим, кој на мастерсот во Инсијан Велс дојде како осми на АТП листата, проитв бомбардерот Раониќ имаше 17 ас сервиси, а единствениот брејк на мечот го направи во петтиот гем од третиот сет.
Тим ќе се обиде утре да ја освои својата прва титула во калифорнија, додека Федерер во деветтото финале игра за шестиот трофеј во Индијан Велс.
Финалето ќе биде петто соочување на Тим и Федерер, во претходните четири пресметки двајцата имаат по две победи.
Победникот во Индијан Велс ќе освои 1.000 АТП поени и ќе заработи 1,35 милиони долари.