По елиминацијата од Лигата на шампионите од Ливерпул, Баерн Минхен се врати на рутината во Бундеслигата со доминантна 6:0 победа над „кутрите“ Мајнц за да се вратат на првото место во шампионатот.
Хамес Родригез имаше хет-трик, прв во дресот на баварскиот гигант, а по еден постигнаа Роберт Левандовски, Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман за вистинско гол-шоу на „Алијанц арената“.
Со победата, Баерн има 60 поени и е на првото место во Бундеслигата со ист број на поени како и второпласираниот тим на Борусија Дортмунд, но со подобра гол-разлика. Мајнц, по низата од три порази едноподруго се на 13. место со 30 поени, 10 над зоната за испаѓање.
БУНДЕСЛИГА, 26.КОЛО
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:3
Ајнтрахт Франкфурт – Нирнберг 1:0
Баерн Минхен – Мајнц 6:0