Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, бил убеден дека Ферари во наредните трки ќе претставува сериозна закана за Мерцедес. На отворањето на сезоната, Мерцедес забележа „еден-два“ победа, на врвот беше Ботас пред Хамилтон, а возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, завршија на четвртото и петтото место.
Запрашан дали е изненаден од резултатот на Ферари во Мелбурн, Хамилтон рекол дека не бил само зачуден од резултатот на конкурентите.
„Очигледно е дека сите сме изненадени. Никој не очекуваше дека толку ќе доцнат, искрено од анализите што ми беа претставени верува дека тие се пред нас. Тоа не се покажа како точно во првата трка и не сум сигурен дека знам што се случило. Не можам да кажам дека ние ги надминавме очекувањата, едноставно го сработивме она што се бараше од нас. Не знам каков е проблемот на Ферари, но сигурен сум дека ќе бидат посилни во наредните трки. Мораме да бидеме внимателни.
Наредната трка, втора во новата сезона, ќе се вози на 31 март во Бахреин.