Top Sport

Манчестер сити понудиле 80 милиони евра за Саул

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, бара играч кој ќе го замени ветеранот Фернандињо, а прв избор му бил Саул Нигез од Антлетико Мадрид, објави „ЕСПН“.

Според истиот извор, Сити биле подготвени да платат 80 милиони евра за Саул. Прашање е како ќе се одвиваат преговорите бидејќи Саул има цврст договор, а клубот нема намера да го пушти за сума помала од 120 милиони евра.

Интерес за шпанскиот репрезентативец долго време има и кај Барселона.

Scroll to Top