Top Sport

Евра: Не сум хомофоб, јас сум „Господин кој ја сака оваа игра“

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Патрис Евра негираше дека е хомофоб по критиките од ПСЖ дека играчите на овој клуб ги нарекол хомосексуалци.

Евра во Париз присуствуваше на мечот меѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед во кој англискиот клуб победи со 1-3 по што се пласираше во четвртфинале на ЛШ. Французинот на социјалните мрежи одговарал на прашања поврзани за „Светците“, а клубот навел дека притоа следеле навреди за фудбалерите.

Евра ги обвини медиумите во Франција дека му ги извртеле зборовите.

„Тие тоа го превеле како јас да сум против геј-популацијата. Јас не сум хомофоб, јас сум „Господин кој ја сака оваа игра“. Јас ги сакам сите, па ако некого сум навредил, се извинувам, но тоа не би беше намерата. Се залагам за еднаквост“ – напиша бекот на друштвените мрежи.

Тој наведе дека се залага светот да го направи подобро место за живот. „Никогаш никого не би осудил, мајка ми така ме воспита. Само бог може да ми суди.

Мораме светот да го направиме подобро место па ве молам да престанете со негативностите, затоа што никогаш нема да ме замолчите“ – рече Евра.

Ова следува откако претходно ПСЖ најави тужба против Французинот:

ПСЖ ќе го тужи Евра откако тој ги нарече „педери“ (видео)

Scroll to Top