Ѕвездата на МЛБ лигата, 27-годишниот бејзбол играч Мајк Траут го направи најголемиот договор во историјата на спортот.
Медиумите во САД објавуваат дека тимот на Лос Анџелес Ејнџелс му нуди договор вреден 430 милиони долари за 12 години. Актуелниот договор на Траут со „Ангелите“ кој истекува во 2020 година е вреден 144 милиони долари.
Годишно Траут ќе заработува по 35,83 милиони долари, што е нов рекорд и за просечна годишна плата.
Бејзбол – рекордот досега беше во сопственост на Брус Харпер кој за Филаделфија потпиша договор од 330 милиони долари, исто така на 12 години.
GET PAID #Trout #Westbrook #Ovechkin #Ryan pic.twitter.com/7Q8nawN3Y4
— Emmanuel Chokuba (@MannyChokuba) March 19, 2019