Селекторот на Германија, Јоаким Лев, по синоќешниот контролен натпревар со Србија (1:1), бил многу лут поради грубиот старт што во финишот над Лирој Сане го направи Милан Павков.
Павков, нема по добро да го памети дебито за српската репрезентација. Тој во 93 минута доби директен црвен картон.
„Многу, многу грд фаул. Сане има среќа што не е потешко повреден. Со таков фаул се крши нога. хФала му на Бога, па не се случи нешто такво“, рекол Лев.
Serbia’s Milan Pavkov with a shocking challenge on Sane during the Germany Serbia friendly today
It finished 1-1
https://t.co/mCS8BhVkT0— Caught Offside (@COsoccerpod) March 20, 2019
Неговиот колега, Младен Крастајиќ, додека на Сане му се укажуваше лекарска помош, му се извини на Лев.
„Фер натпревар, црвениот картон беше лош. Имајте разбирање и за фудбалерот, прв пат настапи за репрезентацијата, немаше намера да го повреди Сане“, рекол Крстајиќ.