Иако навивачите на Јувентус и вљубениците во фудбалот стравуваа дека нема да можат да уживаат во мајсториите на Португалецот Кристијано Роналдо во двомечот на „Старата дама“ со тимот на Ајакс, сепак УЕФА не се одлучи да драстична казна за неговиот потег на стадионот во Торино.
Челниците на европскиот фудба ја повторија истата одлука по која казна заработи и Диего Симеоне, тренерот на „Јорганџиите“, поради сличен гест на првиот меч на овие два тима во Мадрид.
Португалецот кој беше херојот на „Бјанконерите“ во реваншот за прославата на третиот гол е казнет само парично, со 20.000 евра, но за него нема суспензија.
Тој ќе биде во составот на Јуве во Амстердам на 10 април и на реваншот во Торино на 16 април.