Бугарскиот фудбалски интернационалец, Димитар Бербатов кој остави голема трага во Премиерлигата, во Манчестер Јунајтед и во Тотенхем, со полна уста пофалби зборува за играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс.
Во разговор за службената страница на „ѓаволите“ од Манчестер, Бугаринот вели дека многу му се допаѓа играта на Шпанецот.
„Битно е да бидеш мирен со топката во нозете. Играчите кои тоа го прават ми се најдраги. Серхио Бускетс ја чита играта подобро од било кој. Три чекори е пред противникот, три чекори пред повеќето соиграчи. Веројатно не пред Меси, ама тука некаде“ – вели Бербатов.
Тој додава дека Бускетс не е многу брз, но секогаш се наоѓа таму каде што треба да биде.
Екс-играчот на Јунајтед својот коментар за играта на фудбалерот на Барселона го дал пред закажаниот двобој помеѓу овие два тима во четвртфиналето од годинешното издание на Лигата на шампиони.
Dimitar Berbatov on Sergio Busquets: "That guy can read the game better than anyone else. He's three steps ahead of the opposition, three steps ahead of most of his team mates. Probably not Messi, but up there with him." pic.twitter.com/vv78hWexXk
— La Senyera (@LaSenyera) March 21, 2019