Во пресметката на првопласираните два тима во Евролигата, ЦСКА Москва стигна до 70:68 победа над Фенербахче во тесен дуел кој на крајот го реши Кори Хигинс.
Рускиот клуб заостанува еден натпрвар зад тимот на Жељко Обрадовиќ, но и покрај победата Фенер го има „тај-брејкот“ бидејќи во првиот меч помеѓу двата тима победи со 4 поени разлика. Домаќините имаат 22-6 скор, додека Фенер падна на 23-5.
ЦСКА водеше со 65:64 на минута пред крајот, а Кори Хигинс и Јан Весели беа во главната улога во последните две минути. На 50 секунди пред крајот, Николо Мели искористи едно од двете слободни фрлања за да израмни, пред Хигинс да постигне тројка за 68:65. Клајбурн со две слободни фрлања зголеми на 70:66, и Фенер не успеа да одговори.
Хигинс заврши со 15 поени, од кои седум во последните две минути, Вил Клејбурн имаше 16 поени и 8 скока, додека за гостите, Никола Калиниќ беше најефикасен со 17 поени, 7 скока и 4 асистенции.