Хабиб Нурмагомедов сепак ќе се врати во октагонот оваа година. Шампионот во лесна категорија, во УФЦ, закажал борба кога ќе му истекна девет месечната суспензија.
Нумагомедов направи хаос по победата над Конор Мекгрегор, кога трган да се пресметува со луѓето од тимот на Ирецот и публиката. УФЦ му одреди девет месеци суспензија и парична казна од 500.000 долари.
Иако тогаш истакна дека нема повеќе да се бори во Невада и додека не им истекнат 12-месечните суспензии на неговите колеги Зубаира Тукхигов и Абубакар Нурмагомедов, неговиот тим ММА Тим Дагестан договорил борба.
„Наредната УФЦ борба ќе се случи на 7 септември. Запиште го тоа“, порачале на „Твитер“ од ММА Тим Дагестан.