Фелипе Кутињо, најскапото засилување во историјата на Барселона, во летниот преоден рок ќе го напушти „Ноу Камп“. Бразилецот не успеа да се снајде во Барса, поради што оваа сезона има лимитирана минутажа.
Барселона ќе го продава Кутињо, но за помала сума од онаа за која што беше купен. а трансфер пазарот сега тој вреди помеѓу 80 и 100 милиони евра.
Според шпанските медиуми Барселона веќе го понудила овој фудбалер на некои тимови. Манчестер Јунајтед се заинтересирани, но не сакаат да платат 10 милиони евра. Во игра е и ПСЖ, каде играат големите пријатели на Кутињо од бразилската репрезентација (Нејмар, Тијаго Силва, Маркињос, Дани Алвеш)/
Пред 14 месеци Барселона буквално пред носот им го украде овој фудбалер на ПСЖ. Сега веројатно тој ќе заврши ан „Паркот на Принцовите“.