Интересна анкета која привлече 250.000 фудбалски фанови деновиве беше спроведена во Англија. Тие го избираа најдобриот странец кој играл во Премиер лигата.
Иако многумина очекуваа дека таа чест ќе му припадне на Кристијано Роналдо, кој од 2003 до 2009 година го носеше дресот на Манчестер Јунајте, фановите имаат поинакво мислење.
Местото број 5 е за Дидие Дрогба кој добил шест отсто од гласовите. Летврти е актуелниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро, за него гласале осум отсто од анкетираните.
Легандата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона освоил 12 отсто, а Кристијано Ронадло е втор со 14 отсто од гласовите.
Според фудбалските фанови, најдобар странец кој играл во Англија е Тиери Анри. За поранешниот напаѓач на Арсенал се определиле 45 отсто од испитаниците.