Рјоју Кобајаши ја заврши сезоната во Светскиот куп во ски скокови на совршен стил – со рушење на рекордот на легендарната Планица и кревање на втора „Планица 7“ титула.
Пред последниот викенд од сезоната, Кобајаши веќе ја имаше запечатено титулата од Светскиот куп, како прв не-Европеец, и ја имаше освоено новогодишната турнеја „4 скокалници“, но тоа не значеше дека 22-годишниот Јапонец ќе се опушти во Планица.
Тој во вториот скок долета неверојатни 252 метри за да постави рекорд на леталницата и да ја запечати победата пред домашниот фаворит, тинејџерот Домен Превц, кој ги воодушеви своите домашни фанови со подиум.
Фото: ЕПА