По целосното реновирање и повеќето одложувања, Тотенхем, конечно, се вратија во својот дом, „Вајт харт лејн“ во северен Лондон.
По 118 години, легендарниот стадион беше затворен во мај 2017 година откако сопствениците на клубот решија да направат огромна инвестиција од 1 милијарда фунти (оригинално 400 милиони) во модернизација на стадионот, по што се „преселија“ на „Вембли“.
Прв меч на стадионот беше на младинскиот тим на Тотенхем против Саутемптон, за кој само 25.000 фанови добија билети, иако официјалниот капацитет е 62.062 гледачи (со што е поголем од стадионот на вечните ривали Арсенал со 60.260).
Тимот на Маурисио Почетино ќе се врати на стадионот со официјално име „Тотенхем хотспур стадиум“ за дуел од Премиер лигата со Кристал палас на 3 април, по што ќе ги пречекаат Манчестер сити во првиот меч од четврт-финалето на ЛШ на 9 април.
Hello, you ?#SpursNewStadium ⚪️ #COYS pic.twitter.com/tm60qeHBaQ
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) March 24, 2019