Денвер Нагетс доживеаја вистински дебакл во Индијанаполис, со што ја прекинаа успешната серија од шест победи. Индијана Пејсерс го совладаа Нагетс сос 124.88.
Финишот на вториот период и серијата 16:0 го одредија победникот. Пејсерс и во третата четвртина направија серија од 10:0 за 86:62, а во еден момент во последниот период имаа предност од 41 поени.
Блескаше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ кој постигна 26 поени во првото полувреме, а натпреварот го заврши со 35 поени, 6 скока и 3 асистенции.
Хрватот го следеа Мајлс Тарнер со 17 поени и 11 скока, односно Домантас Сабонис со 15 поени и 13 скока.
Светла точка кај Нагетс беше Србинот Никола Јокиќ со 19 поени, 11 скока, 8 асистенции и 4 блокади.
Денвер заедно со Голден стејт се лидери на Западот, додека Индијана Пејсерс се на четвртата позиција во Источната конференција.