Top Sport

Ѓоковиќ не блескаше, а победи против Делбонис

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, не блескаше, но успеа да избори пласман во осмина-финалето на турнирот од Мастерс серијата во Мајами.

Ѓоковиќ, по 120 минути борба и три одиграни сета успеа да го победи 83 тенисер на АТП листата, Федерико Делбонис од Аргентина со 7:5, 4:6, 6:1.

Српскиот тенисер осцилираше во играта од основната линија и сервисот, во првиот сет испушти предност од 5:2, а во вториот од 3:1. На вистинското ниво Ѓоковиќ беше само во третиот сет, кога наметна ритам што Аргентинецот не можеше да го следи.

Со оваа победа Ѓоковиќ на најдобар начин му го честиташе 54 роденден на својот тренер Марјан Вајда.
Во наредната рунда, Ѓоковиќ ќе игра против Роберто Баутиста Агут. Шпанецот со 6:4, 6:4 хо победи Фабио Фоњини од Италија.

Scroll to Top