Кошаркарскиот сојуз на Словенија ја сака организацијата на Европското првенство во 2021 година.
Претходно кандидатури поднеле Италија, Шпанија, Франција и Грција, покрај Словенија на адреса на ФИБА Европа, пристигнале и кандидатурите на Чешка, Естонија, Германија, Грузија и Унгарија.
Инаку, Европското првенство ќе биде организирано како и претходните две, односно ќе се игра во повеќе држави.
„Постои желба кај многу Сојузи да ја добијат организацијата, што говори дека тоа ќе биде исклучително силно. Сигурни сме дека меѓу државите што поднесоа барања ќе ги најдеме идеалните домаќини“, рекол извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак.
Титулата на ЕП во 2021 година ќе ја брани селекцијата на Словенија.