Англија, синоќа ја декласира Црна Гора во Подгорица со 5:1, но главна тема во англиските медиуми се расистичките навреди упатени кон нивните фудбалери.
Според нив под трибините во текот на целиот натпревар, поради бојата на кожата, биле навредувани Дени Роуз и Калум Хадсон-Одои.
„Најдобар начин да ги замолчите оние што ве мразат и да мислам на расистите“, напишал Стерлинг на „Твитер“ под фотографијата на која го прославува голот постигнат против Црна Гора.
Best way to silence the haters (and yeah I mean racists) ?? #2019 #getsomeeducation pic.twitter.com/ohhkOJtdey
— Raheem Sterling (@sterling7) March 25, 2019
„Искрено, лично јас ништо не слушнав, но Дени јасно кажа дека не нешто се случило. Сакав да им покажам дека е потребно многу повеќе од тоа за да не вознемират или сопрат. Што можам да направам? Сите знаеме која ни е бојата на кожата. Тогаш не знам во што е проблемот. Ништо ново не ни кажаа. Време е надлежните да преземат нешто. Парично можете некого да казните, но што ќе постигнете со тоа? Не смеат да казнат еден или двајца, сите црногорски навивачи треба да ја платата цената. Доколку им го направат тоа, наредниот пат ќе размислат пред да направат нешто вакво“, изјавил Стерлинг по натпреварот.