Легендарниот бразилски фудбалер, Ромарио, говорел за двајцата најдобри во последната деценија Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Прашањето кој е најдобриот на сите времиња, секогаш ќе биде предмет на дискусии и работа на вкус, но никој не може да порекне дека Меси и Роналдо ја обележаа последната деценија во фудбалот.
„Го сакам Меси, тој е брилијантен, но морам да кажам дека Роналдо е меѓу најдобрите пет во историјата. Кога би требало да изберам со кого би играч, тоа би бил Меси. Аргентинецот, технички е многу поталентиран од Португалецот. Тоа е причината зошто би го избрал Меси“, рекол Ромарио.
Светскиот првак со Бразил од 1994 година, често знае да каже дека играч како Меси се раѓа еднаш во 100 години, а за Роналдо тврди дека е совршено подготвена „машина“.