Фудбалерот на загребски Динамо, 23-годишниот Нигериец Ијаји Белив Ативмен е осомничен дека тепал и силувал девојка во Хрватска. И тоа ова е втора тужба за црномурестиот фудбалер кој пред дваесетина дена беше осомничен за тепање на 20-годишната осиечанка, Ива Бошњак.
Актуелна е тужбата и на неименувана девојка од Велика Горица која детално раскажува за хоророт што го доживеала од фудбалерот на 9/10 февруари годинава.
„Прво ме фати за рака и се обиде да ме соблече. Јас давав отпор. Потоа почна да ме гуши, а со другата рака почна да ме соблекува. Го молев да престане, но не запираше. Почна да ми удира шлаканици, јас почнав да вриштам“ – раскажала девојката.
Таа раскажала дека со Ијаји била во едномесечна врска, паралелно додека тој бил во врска со Ива Бошњак. Таа тврдела дека додека траело насилството врз неа, со фудбалерот биле уште тројца, но никој од нив не реагирал на нејзиното врескање.
Девојката кажала дека не го пријавила случајот во полиција.