Мекларен потврдија дека двократниот светски шампион Фернандо Алонсо ќе тестира за својот поранешен тим во Бахреин, првпат по повлекувањето од спортот на крајот на минатата сезона.
Шпанецот си замина од Ф1 во обид да стигне до славната „тројна круна на мотоспортот“, триумф на Монако ГП трката во Ф1 (веќе остварено), 24 часа Ле Ман (исто така веќе остварено) и Индијанаполис 500. Во февруари тој беше потврден како „амбасадор“ на Мекларен.
Светскиот шампион од 2005 и 2006 година ја остави можноста во иднина да се врати во Ф1, и сега „делумно“ ќе биде остварено, со тест во средата и четвртокот по трката во Бахреин овој викенд. По ова, Алонсо ќе се подготвува за настап на Инди 500 со Мекларен.
Alongside the MCL34, we'll be running a test car for Pirelli at the #BahrainGP in-season test. Here's our line-up. ⬇️#MCL34
? Tues- Carlos AM Lando PM
? Weds- Lando@pirellisport
? Tues- Fernando
? Weds- Carlos AM Fernando PM pic.twitter.com/Rnat905fhi— McLaren (@McLarenF1) March 28, 2019