Top Sport

Спалети одбива да го постави Икарди во игра, во петокот имало нов инцидент?

Тренерот на Интер, Лучано Спалети наводно ги изненадил сите, вклучувајќи ги и директорите на Интер, откако реши да не го постави Мауро Икарди во составот против Лацио, а главата причина е недостатокот на извинување од аргентинскиот напаѓач.

Икарди нема играно за Интер откако му беше одземена капитенската лента на 13 февруари, за уште целосно неразјаснети причини, иако Италијанците шпекулираат дека тоа е поради критиките кои неговата сопруга и агент, Ванда Нара ги критикуваше неговите соиграчи во својата ТВ-емисија.

По преговорите со адвокатот Паоло Николети како медијатор, директорот на клубот Бепе Марота изјави дека „ситуацијата е надмината“ и се очекуваше Икарди да биде во составот за вечерашниот меч, посебно по повредата на Лаутаро Мартинез.

Но, Спалети вели дека Икарди нема да игра, наводно поради инцидент кој се случил во петокот.

„Земајќи во предвид што се случи неодамна, вклучувајќи го и петокот, сметам дека тој уште не е способен да помогне на своите соиграчи. Затоа нема да биде во составот. Мораме да сметаме на сè. Тој тренираше цела недела, но тоа што се случи вчера морам да го проценам“, изјави Спалети.

Scroll to Top