Top Sport

Де Хеа е јасен – или неделна плата од 350.000 фунти, или оди во ПСЖ

Преговорите на Давид де Хеа со Манчестер јунајтед за нов договор се „заглавени“, и Пари Сен-Жермен се подготвени да го направат Шпанецот најплатен голман на светот, јавува британскиот „Сан“, кој додава дека француските шампиони се подготвени да дадат сума од 60 милиони фунти да најдат замена за Џанлуиџи Буфон.

28-годишниот Де Хеа има уште една година од договорот со Јунајтед, што значи дека на крајот на следната сезона може да замине бесплатно. Јунајтед сакаат да го заддржат на голот Шпанецот кој откако дојде од Атлетико Мадрид за 17.8 милиони фунти во 2011 година неколку пати беше поврзуван со заминување од Англија.

Според „Сан“, Шпанецот сака да добие плата од 350.000 фунти неделно (која му ја нудат во Париз) и е подготвен да остане на „Олд Трафорд“, посебно бидејќи по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер се врати вербата дека клубот може да се бори за висок пласман со нови засилувања во текот на летото. Останува да се види дали семејството Глејзер ќе го „одврзе кесето“.

Scroll to Top