Ливерпул стигна до драматична 2:1 победа над Тотенхем за да се врати на првото место на табелата во Премиер лигата и да го оддржи сонот за прв лигашки триумф од 1990 година откако Тоби Алдервирелд си постигна смешен автогол во 90. минута.
Роберто Фирмино во 16. минута ја потврди својата одлична форма откако Робертсон му нафрли совршена топка и тој лесно го совлада Иго Љорис за лудило на „Енфилд“, но целата енергија спласна во 70. минута, кога Лукас Моура израмни за „Спарси“.
Кога фановите веќе ги гризеа ноктите на трибините, Мохамед Салах имаше едно убаво уфрлање во шестнаесетникот, но неговиот удар го одбрани Љорис, пред Алдервирелд да се „сопне“ и да ја внесе топката во својата мрежа.
Goaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaal Alderweireld T.
(Own goal)@MnbrMadrid5 pic.twitter.com/M2kaD7Lh5c— متجر الاسطورة عز ProGoShop (@MnbrCR7) March 31, 2019
Со победата Ливерпул има 79 поени на врвот на табелата, два повеќе од Манчестер сити, иако „граѓаните“ имаат натпревар помалку. Тотенхем останува трет со 61 поен, колку што има и четвртопласираниот Манчестер јунајтед.
Фото: ЕПА