Top Sport

Флензбург лесно го „визираше“ последното четврт-финално место

Флензбург во „празнична“ атмосфера го одигра својот 200. меч во Лигата на шампиони обезбедувајќи пласман во четврт-финалето со убедлива 30:20 победа над белорускиот Мешков Брест и сега ги очекува мега-дуел со Веспрем и нивниот поранешен ракометар Кентин Мае за место на Фајнал фор.

Ова е 12. пат германскиот клуб да се пласира во четврт-финалето на ЛШ, додека Брест четврти пат едноподруго „паѓа“ во осминафиналето и уште ја чека својата прва победа во ваков меч.

Најдобар стрелец беше Хампус Ване со седум гола за Флензбург, додека Дарко Ѓукиќ уфрли шест за Мешков. Белорускиот тим беше израмнет противник до 7:6 водство за домаќините, пред скандиновското трио Хампус Ване, Џим Готфридсон и Расмус Лауге Шмид да ја преземат контролата на играта, носејќи 14:8 водство од кое гостите не се опоравија.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ

Вардар – Пик Сегед

Нант – Барселона

Виве Кјелце – Пари Сен-Жермен

Флензбург – Веспрем

Scroll to Top