Поранешниот број 1 во светскиот тенис, Енди Мареј, два месеци по операцијата на колкот им се врати на тренинзите. На својот профил на „Инстаграм“ тој објави снимка од тренингот со порака: „Ова е почетокот“.
Трикратниот грен-слем шампион, со нов хируршки зафат го реши проблемот со колкот и наскоро би можел да се врати на терените, иако не прецизирал кога тоам може да се случи.
Оценил дека има помалку од 50 отсто шанси да се појави на најпрестижниот тениски турнир во светот, Виблдон, каде два пати успеал да победи.
Мареј во моментов се наоѓа на 214 место на АТП листата. Последниот меч го одигра на 14 јануари, на Австралија опен, кога во првото коло загуби од Роберто Баутиста-Агут.
Andy!!
( ? @andy_murray on Instagram) pic.twitter.com/4caBClDlbs
— The Tennis Podcast (@TennisPodcast) April 1, 2019