Top Sport

Мик Шумахер го возеше болидот на Ферари (Видео)

Скудерија Ферари имаа одлични резултати на тренинзите и квалификациите во Бахреин, но на трката доживеаја дебакл. Себастијан Фетел направи голема грешка, поради што заврши на петтото место, а Шарл Леклер кој стартуваше од пол-позицијата, поради проблеми со болидот успеа да го освои третото место.

По трката, Скудерија Ферари останаа во Бахреин, за да направат дополнителни тестирања. Денес во црвениот болид седна Мик Шунахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер.

Тој за Скудерија Ферари ќе одработи неколку тестови во текот на денот. Инаку, Мик Шумахер се натпреварува во Формула 2.

Scroll to Top