Top Sport

ПСЖ ќе продава за да го донесе Кристијано Роналдо

Пари Сен Жермен кој минатото лето ги направи двата најголеми трансфери во историјата на фудбалот има пеколен план и за летниот преоден рок во 2018 година.

Неколку француски, шпански и англиски медиуми објавија дека Кристијано Роналдо, минатата недела, побарал од претседателот на Реал Флорентино Перез да му дозволи да замине по завршувањето на сезоната, но за размуна цена, а не за 400 милиони евра колку што барапе од ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Без разлика што во февруари ќе наполни 33 години и што со Реал потпиша „доживотен“ договор“ до 2021 година, освојувачот на четири „Златни топки“ е незадоволен во Мадрид и побарал да замине.

ПСЖ го сака ПОртугалецот во тимот, иако минатото лето потроши 222 милиони евра за Нејмар и 180 милиони за Мбапе.

Поради овие трансфери клубот се наоѓа под истрага на УЕФА поради кршењето на финансискиот ферплеј, а за да може да си го дозволи трансферот на Кристијано Роналдо ќе мора да продава од сопствениот погон.

Медиумите наведуваат дека ПСЖ е подготвен да ги продава најголемите ѕвезди. Веројатно уште во јануарскиот преоден рок ќе заминат Лукас Мура, Хавиер Пасторе и Бен Арфа, а во летниот преоден рок на продажба ќе бидат и Единсон Кавани, Анхел Ди Марија и Јулијан Дракслер.

Scroll to Top