Ѕвездениот состав на ЧСМ Букурешт попладнево беше непријатно изненаден од француски Мец во првиот четвртфинален дуел од женската ракометна Лига на шампиони. Во Букурешт фаворизираниот домаќин загуби со 5 гола разлика, 26-31 и сега е многу далеку од влез на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Гостинките доминираа во текот на целиот дуел, а домашните ракометарки во текот на целиот меч го бркаа резултатот.
Во победничката екипа прв стрелец беше Смитс со 6 погодоци, додека Едвиг даде 5 гола.
Кај ЧСМ Букурешт екс-вардарките Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ сами се спротивставуваа на Мец, двете постигнаа по 9 гола, а уште една екс-вардарка, Барбара Лазовиќ трипати прецизно стрелаше во противничката мрежа.
Реванш дуелот се игра на 13 април во Франција.