Top Sport

Зверев: Не сум на нивото на Федерер и Надал!

Германскиот тенисер, Александар Зверев признава дека се уште не е на нивото на Федерер и Надал.

„Рафа и Роџер се и понатаму најдобрите играчи на денешницата. И понатаму освојуваат гренд-слемови и останати големи титули. Јас освоив неколку Мастерси, но се уште не сум освоил гренд-слем. Да речам дека сум на нивно ниво едноставно не е фер“ – вели Зверев.

Германецот на минатогодишниот Ролан Гарос го оствари најдобриот резултат на гренд-слемовите кога се пласираше во четвртфиналето откако претходно го „здроби“ Доминик Тим во 3 сета.

„Се пробив на Ролан Гарос. Покажав дека можам да одиграм долг меч и дека можам да победам сјајни тенисери. Во текот на сезоната мислев дека сум втор најдобар тенисер на земја во светот, Рафа беше најдобар. За жал се повредив што беше фрустрирачки за мене“ смета Зверев.

Scroll to Top