Во Куп во Бразил за тимовите од североистокот на земјата единствениот погодок на мечот меѓу Сампајо и Баија го постигна Клејтињо во последните мигови од првото полувреме.
Уште долго ќе се раскажува за голот на Клејтињо кој виде дека противничкиот голман е излезен од голот, па од околу 60 метри прецизно стрелаше во празната мрежа.
Во Бразил веќе го гледаат Клејтињо како добитник на наградата „Пушкаш“ на ФИФА за најубав погодок во сезоната.
Наградата се доделува од 2009 година, а двапати досега отишла во „бразилски раце“. Кај Нејмар во 2011 додека беше член на Сантос и во 2015 кај Вендел Лира од Гојанезија.
#CleitinhoNoPuskas e no topo do Nordeste!
O gol que o Pelé não fez colocou Cleitinho no topo da votação realizada nas minhas redes sociais, assim, o camisa 7 do @_SampaioCorrea foi eleito o Craque da Rodada @Bodog_Brasil nesta 8ª jornada da #CopaDoNordeste2019! pic.twitter.com/59Ti8xCyRI
— Copa do Nordeste (@CopaDoNordeste) April 2, 2019